Ќе скијаме и на Галичица

Охрид покрај летен истовремено ќе биде и зимски туристички центар, со што ќе се исполни желбата и ќе се оствари идејата на голем број претходни генерации, пишува Утрински весник.

Се бара реномирана компанија која ќе инвестира во изградбата и ќе стопанисува со ски-центарот и одморалиштето „Галичица“.

Предвидено е да има две гондоли за осум патници, седум ски-лифта од кои два-три ќе бидат четвороседи, ски-лифтови тип сидро и подвижни ленти наменети за деца и почетници.