Ќе стане ли марихуаната легална во Хрватска?

Вечното прашање околу легализацијата на марихуаната повторно е покренато и во Хрватска, откако претседателката на партијата за Оддржлив развој на Хрватска, Мирела Холи, потврдила дека во партијата подготвуваат политика која ќе се занимава со економските потенцијали на ова растение, што подразбира и легализација на марихуаната.

Противниците на оваа идеја сметаат дека ќе биде пат до тешките дроги, како и тоа дека тоа не е тема со која што во овој момент треба да се занимава земјата.

Идејата за легализација на марихуаната привлече големо внимание од јавноста, иако Холи вели дека не сака целата приказна да се поедностави и дека сето тоа на крајот ќе се сведе само на политика.

„Оваа култура ќе биде исклучително голем економски потенција за Хрватска… Во секој случај се залагаме за либерализација и легализација на индискиот коноп бидејќи сметаме дека прохибицијата не ги носи посакуваните резултати во смисла на намалување на зависностите“, рекла Холи.

Таа укажува на фактот дека забраните се контрапродуктивни, а за тоа и сведочат искуствата со забраната за алкохол во САД за време на прохибицијата бидејќи во тој период бил регистриран најголем број алкохоличари.