Македонија

Ќе започне со работа РТГ кабинет во Поликлиника Драчево

Ќе започне со работа РТГ кабинет во Поликлиника Драчево

Утре во 12 часот, директорката на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ ќе промовираат почеток со работа на РТГ кабинет во Поликлиника Драчево.

Следејќи ги потребите на граѓаните и залагањето за доближување на здравствените услуги спрема место на живеење, беа преземени активности за подготвка на простор, опрема и кадар за отварање на РТГ кабинет во Поликлиника Драчево. Во рамките на активностите на кабинетот ке се врши РТГ снимања на сите органи и скелет и ЕХО дијагностика на стомачни органи. Кабинетот ке работи секој работен ден во прва смена, а услугите ќе се извршуваат преку Мој Термин. Кабинетот е опремен со комплетно сервисиран постоечки апарат од друга служба во институцијата.

Како дистална Поликлиника дава здравствени услуги на околу 60 илјади жители , поради што изминатите две години се допринесе за блиски и квалитетни услуги на населението. Пред се започна со работа Кабинет по Интерна Медицина, комплетно биохемиски услуги по добивање на нов софистициран биохемиски анализатор од Министерство за здравство, како и давање на услуги во Кабинет ОРЛ со доктори од Клиника за ОРЛ. Во декември 2012г, отворен и пункт на ИМП.

Со отварање на РТГ кабинетот постигнуваме комплетни базични услуги на секундарно- специјалистичко-консултативно ниво, како и намалено време на чекање за услугите кои досега граѓаните ги добиваа во поликлиника Јане Сандански.