Ќерката на Цеца му одговори на полубратот Војин за наводната фотографија

Анастасија Ражнатовиќ одлучи да застане во одбрана на нејзината мајка и на социјалните мрежи објави јавна порака до нејзиниот полубрат Војин.

-Многу е тажно, жално и бедно што „некои“ луѓе од сопствената немоќ, омраза и злоба може да се служат со лаги, клевети (фотошоп и монтажа) за да бидат во центарот на вниманието. Драги полу „брате“ со овие твои гнасни изјави и постови не покажуваш омраза кон мојата мајка, туку го откриваш она што најмногу сакаш да го скриеш, колку ти всушност го мразиш нашиот татко, пишува на нејзиниот Фејсбук профил.

anastasija_2

Инаку синот на Аркан од неговиот прв брак, Војин се обиде да ја исмее пејачката поставувајќи фотографија на социјалните мрежи за која тврди дека на неа е Цеца и нејзиниот прв сопруг.

ceca_hahaha

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.