Ќерката на Путин избегала од милионската вила со момчето

Марија Путин го напуштила својот дом во Холандија по зовривањето на тензиите околу летот МХ17. Марија живееле на триесетина километри од аеродромот од кој полетал несреќниот малезиски авион. Веста дека ќерката на Путин живее во земјата, чијашто нација го осудува соборувањето на малезискиот авион во Украина не е добро прифатена во јавноста, а појавувањето на информацијата дека 29-годишната Марија има стан во вредност од два милиона фунти, предизвика уште поголем бес кај Холанѓаните.

Имаше барање на „Твитер“ Марија да се депортира, додека други мислеа сека е згодно што живее близу Хаг.

„Време е да одиш“, „Супер за Марија Путин е што живее близу Хаг. Нема да мора да патува далеку за да го види судењето на својот татко“, се некои од коментарите на „Твитер“.

Марија и нејзиното момче Јорит Фасен (34) ја напуштија Холандија во центарот на растечките тензии, пишува британски „Мирор“, но сè  уште нема потврда на таа информација.