Ќерката на Сталоне стана манекенка

Шеснаестгодишната ќерка на холивудскиот актер Силвестер Сталоне, Систин, заплови во манкенските води. Таа се појави на насловната страница на  магазинот „Тин Воуг“.

– Од мојот татко ја наследив смислата за хумор и работната етика, изјави Систин Сталоне за магазинот, додавајќи дека за манекенската работа голема поддршка добива од нејзината мајка Џенифер Флејвин, која е поранешен модел.

sistina_2

Според Систин, нејзината мајка и укажала на добрите и лошите страни на манекенската професија и ја научила како да шета по пистата и како „да стане некој друг кога носи одредена градероба“.

– Смилсата на оваа работа е глумата, менувањето на карактери. Не сакаш да бидеш ти, објасни Систин.

sistine_3

Таа вели дека има доволно години и може самата да решава дали сака да привлекува медиумско вниманите и да биде „под светлото на рефлекторите“.

Систин изјави и дека по одлука на нејзиното татко, таа се уште не смее да има момче, додавајќи дека искусниот Силвестер ја научил на „по некој корисен боречки зафат“ за да може да се справи со евентуални насилници.

фото: uk.yahoo