Ќерката на Весна Змијанац го изгуби бебето

Ќерката на српската пејачка Весна Змијанац, Николија Јовановиќ и нејзиното момче, раперот Релја Поповиќ , објавиле дека го изгубиле бебето.

Членот на групата „Елитни одреди“ на својот профил на Фејсбук објавил статус преку кој ги известил своите обожаватели дека за жал го изгубиле нивното бебе.

– Драги пријатели, не сакам никого да оптоварувам со својот приватен живот, но за да ги спречам медиумските приказни, сакам да ве известам дека денес Николија и јас дознавме дека таа го изгуби нашето   бебе – напиша Релја на својот статус.

Оваа вест ја потврдила и мајката на Николија, Весна Змијанац која изјавила дека е во шок поради оваа загуба.

Иако во медиумите извесно време се пишуваше дека врската на Николија е Релја е само параван во јавноста и дека пејачката е во врска со оженет полицаец, двојката беше упорна во тврдењата дека се во врска и дека ќе добијат бебе.