Ќерката на Витни Хјустон се омажи за својот брат!

Боби Кристина Браун на социјалната мрежа Твитер откри дека се омажила за Ник Гордон, кој нејзината покојна мајка, дивата Витни Хјустон, го одгледуваше како свое дете од неговата 12 година.

Среќно венчани и многу заљубени, се пофали ќерката на покојната Витни на Твитер и објави слика од прстенот.

„ Да, Ник и јас се венчавме. Веќе сум уморна да ги слушам сите како тоа не е во ред и како мојата мајка не би го одобрила“, изјавила Кристина за американските таблоид.