Ќерката на Витни Хјустон се разбуди од кома

Ќерката на Витни Хјустон, Боби Кристина (21) е будна и не е повеќе на апарати, радосната вест ја објавил нејзиниот татко Боби Браун.

Откако пред два месеци беше пронајдена онесвестена во во својот дом, девојката беше во индуцирана кома. Наспроти неповолните прогнози, нејзиното семејство не ја губеше надежта во нејзиното закрепнување, а нејзиниот татко не сакал да слушне за друго сценарио освен таа да застане на своите нозе, пренесуваат американските медиуми.

Во меѓувреме, Кристина е префрлена во стационар, а сега се чини дека нејзината состојба конечно почнала да се подобрува. Нејзиниот татко Боби Браун во саботата ги изненадил фановите во „Вержн театарот“ во Далас, каде настапил на концертот на Френки Беверли.