Ќерката на Витни Хјустон во состојба на вештачка кома

Боби Кристина Браун, единствената ќерка на покојната поп ѕвезда Витни Хјустон и пејачот Боби Браун, се наоѓа во состојба на вештачка кома заради оток на мозокот.

Боби Кристина (21) беше донесена во болницата во Атланта, откако  нејзиниот сопруг Ник Гордон ја нашол во бесознание во када во нивниот дом. Тој веднаш ги информирал полицијата и брза помош и до пристигнувањето на нивните екипи и давал вештачко дишење и масажа на срцето.

Засега не се знае како дошло до инцидентот, а во домот полицијата не нашла наркотици. Младата жена останува на одделот за реанимација.

Витни Хјустон почина пред три години по предозираност со наркотици на 48-годишна возраст. Шесткратната носителка на „Греми“ беше најдена мртва во кадата на нејзината хотелска соба.

Боби Кристина многу тешко ја поднесе смртта на мајка си и два пати беше примана во болница заради нервен слом.

фото: africanspotlight.com