Магазин

ФОТО: Кјуриозити се фотографираше селфи

ФОТО: Кјуриозити се фотографираше селфи
Кјуриозити се фотографираше селфи
<strong>Кјуриозити се фотографираше селфи</strong>

Роверот на НАСА Кјуриозити се фотографираше селфи на Марс, кратко пред да го продолжи својот пат кон големата планина на Црвената планета.

Роверот кој тежи околу 1 тон, фотографираше неколку фотографии од низок агол со камерата која се наоѓа на крајот на неговата роботска рака. Тој се наоѓаше на местото што се нарекува Мариас Пас во подножјето на 5, 5 километри високиот врв Шарп. Фотографиите испратени од роверот, членовите на мисијата успеале да ги спојат во неверојатно селфи, што НАСА го објави пред неколку дена.

Кјуриозити се наоѓаше на местото Мариас Пас неколку недели и ја проучуваше „геолошката контакт зона“ каде се спојуваат два различни тиа на карпи.

Роверот открил високо ниво на водород во областа, што дава претпоставки дека голем број водени молекули се врзани за минералите во тамошните карпи.