Клајверт: Аргентина да се плаши од Робен

Првиот помошник на Луи ван Гал, Патрик Клајверт, ја подгреа атмосферата пред полуфиналниот дуел помеѓу репрезентациите на Холандија и Аргентина со изјавата дека во “лалињата” не се плашат од фудбалскиот “магионичар”, Лионел Меси, но пак репрезентативците на Аргентима сигурно се плашата од Ариен Робен.

“Пласманот во полуфиналето е успех, но наша желба е да се закитиме со трофејот. Нормално дека нема да биде лесно против Аргентина, говориме за селекција со врвни индивидуалци, но нашиот колектив може да дојде до позитивен резултат против нив. Главната опасност сигурно ќе доаѓа од Меси, но немаше зошто да се плашиме од Лео, нека се плашат тие од Робен бидејќи нашиот ас моментно се наоѓа во подобра форма. Во моментов нашите фудбалери се преморени, но добро е што имаме четири дена меѓу четвртфиналето и полуфиналето, тоа е доволно време за да се наполнат батериите и максимално подготвени да го дочекаме дуелот со Аргентинците“, изјави Клајверт.