„Клашников“ ќе претстави нова пушка на парадата на 9 мај во Москва

Рускиот производител на огнено оружје „Калашников“ на парадата по повод Денот на победата на 9 мај на московскиот Црвен плоштад ќе претстави модернизирана верзија на пушката АК-74М, за која тврди дека е 50 отсто попрецизна во однос на претходната.

Во соопштението на концернот се наведува дека новата пушка ќе биде опремена со модерни оптоелектронски и ласерски апарати, лампи за мала видливост и придушувач.

Покрај тоа, новата АК-74М ќе биде опремена со лансер за 40 мм гранати и бајонет. Таа ќе биде 50 отсто попрецизна на оддалеченост до 300 метри во било кој период од денот и при различни временски услови, соопшти „Калашников