Класифицирано најчудното досега откриено животно

© Jorge Blanco

Макраухенијата, со тело на камила и муцка во форма на сурла, го привлекува вниманието на биолозите откако Чарлс Дарвин во XIX век го откри нејзиниот скелет, меѓутоа мистеријата е разрешена во вторникот кога научницете објавија дека откриле на кој животински род припаѓа.

„Првпат секвенциравме ДНК од овој вид и му го одредивме местото на еволуциското стебло“, изјави за AFP, Михаел Хофрејтер од универзитетот во германскиот град Потсдам, еден од авторите на студијата објавена во списанието Nature Communications.

Чарлс Дарвин во 1834 година во текот на експедицијата во Уругвај и Аргентина случајно го открил скелетот на ова животно кому му е дадено линскиот назив Macrauchenie patachonice. Ова животно кое исчезнало без да остави потомство, има врат кој потсетува на оној кај камилата, а на главата има сурла.

Ова животно Дарвин го нарекол „најчудното досега откриено животно“. Од тогаш зоолозите се обидуваа да му го пронајдат местот во животинското царство и да пронајдат негови претци, или барем сродници.

 

Во текот на следните 180 години стотици палеонтолози и биолози се обидуваа да ја разрешат „загатката на Дарвин“, меѓу нив и Ричард Овен, еден од основоположниците на палеонтологијата, но не постигнаа поголем резулатат отколку творецот на теоријата за еволуцијата на видовите.

„Замислете камила без грпка, со нозе на носорог и со глава на сајга антилопа“, се шегува Хофрејтер. На овие карактеристики може да се додаде и фамозната сурла и носот сместен меѓу очите.

Групата германски и американски научници била упорна да го реши ова прашање. Со помош на најсовремените методи секвенцирале 80 отсто од митохондрискиот геоном (ДНК која од мајката се пренесува на детето), на оваа животно врз основа на фосилот пронајден во пештера на југот од Чиле.

Научниците заклучиле дека геномот на животното сведочи за сродството со семејството на копитарите со непарен број прсти во кое денеска спаѓаат коњите, тапирите и носорозите. Макраухенијата, се чини, се одвоила од овој денешен род пред 66 милиони години. Меѓутоа, се поставува прашањето зошто овој вид исчензал?

„Не знаеме дали е тоа поради луѓето, климатските промени или и едното и другото. На тоа прашање уште немаме одговор“, признава научникот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.