Свет

Клаус: Русија не е виновна за проблемите во Украина

Клаус: Русија не е виновна за проблемите во Украина

Поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус изјави дека постокомунистичка Украина најмногу потфрлила во политичката, економската и социјалната транзиција и ги отфрли тврдењата дека Русија е виновна за тоа, пренесува МИА.

– Таму не се случи ништо од тоа, изјави Клаус на предавање на Паневропската висока школа во Братислава.

Клаус укажа и на актуелните проблеми во Украина.

– Земјата е поделена, има два народа, кои не се баш пријателски настроени едни кон други. Земјата е кревка и не функционира. Доколку таков кревок ентитет е удрен од југ или од север, тогаш таквиот ентитет се урива, појаснува Клаус.

Тој ја исклучи вината на Русија за актуелните тешкотии во Украина.

– Расправата за ситуацијата источно од нас не е дискусија за Русија. Тоа е дискусија за Украина, наведе Клаус.

Тој изрази загриженост поради ситуацијата во Украина.

– Ситуацијата во таа земја ме растажува. Тоа е најголема дестабилизација на надворешната политика  во изминатите 25 години, забележа Клаус.

фото: telegraph.co.uk