Клептон поради болест едвај свири на гитара

Клептон поради болест едвај свири на гитара
Клептон поради болест едвај свири на гитара

Музичарот Ерик Клептон (71) открил дека поради неподносливи болки едвај може да свири на гитара.

Клептон во интервју за „Класик рок магазин“ открил дека поради болест на нервите едвај може да свири на гитара.

– Се започна пред една година со болки во долниот дел на грбот и се претворил во периферна неуропатија. Се чувствувам како струјни удари да ми „трчаат“ долу низ ногата. Морав да се помирам со фактот дека состојбата нема да ми се подобри. Уште можам да свирам. Мислам, тоа понекогаш ми е напорно физички. Остарев , тешко ми е – изјавил Клептон, добитник на 18 Греми награди.

Славниот музичар неодамна го објави својот 23-ти албум  „I still do”, за кој тврди дека не е простување со кариерата, туку дека го посветил на пријателите, семејството и другите музичари кои починале во изминатите неколку години.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.