Кличко бара поддршка од САД и Германија

Украинскиот опозициски лидер Витали Кличко денеска на Минхенската конференција за безбедност ќе упати апел за подршка. Тој ќе се сретне со американскиот министер за надворешни работи Кери и со германскиот, Штајнмајер, пренесе „Дојче Веле“.

Ситуацијата во Украина е во фокусот на вториот ден на Минхенската конференција за безбедност што почна вчера. Еден од лидерите на украинската опозиција и кандиат за претседател, Витали Кличко, ќе зборува на Конференцијата и ќе бара поддршка. Планирани се негови средби со американскиот министер за надворешни работи, Џон Кери, како и со германскиот, Франк-Валтер Штајнмајер.

„Германија има големо влијание во Европа. Многу нешта зависат од министерот Штајнмајер. Со задоволство  би разговарал со него околу политиката, какви чекори би требало да направи Украина или како да ја принудиме украинската влада во никој случај да не почнува граѓанска војна“, изјави Кличко. Времето на апели до претседателот во Киев за Кличко е поминато. Тој бара конкретни чекори од меѓународната заедница.

„Не е доволно само водење разговори, покажување солидарност, тоа е премалку. Јас ќе предложам конкретни мерки и санкции против одредени личности, кои извршија кршење на човековите права“, истакнува Кличко, јави „Дојче Веле“.