Кличко: Би се ракувал и со ѓаволот само да ги спасам животите на луѓето

Поранешниот боксер, лидер на опозицијата во Украина и претседателски кандидат, Виталиј Кличко, рекол дека во еден од најтешките моменти беше кога постигна договор со поранешниот претседател, Виктор Јанукович.

Но, сепак рекол дека би се ракувал и со ѓаволот само да спаси човечки животи.

Кличко, во интервју за германски „Шпигел“, зборува за демонстрациите кои што се веќе зад него, но и за изборите кои што следат во Украина.

На прашањето дали се кае што се ракувал со Јанукович на 21-ви февруари, Кличко рекол дека тоа му бил еден од најтешките моменти во животот.

„По разговорите со претседателот стоев пред народот, кој не ме слушаше. Потоа поминав три часа на Плоштадот, а сите ме прашуваа како сум можел да сае ракувам со него. Јас им реков: Би се ракувал и со ѓаволот за да ги спасам животите на луѓето“, рекол Кличко.

Тој, како лидер на опозицијата, постигнал договор со Јанукович во Украина да се распишат предвремени парламентарни избори, но на крајот Јанукович беше исфрлен од власт.