Кличко ја повика Меркел да ги блокира сомнителните банкарски трансакции на украинските чиновници

Лидерот на украинската опозициска партија „Удар“, Виталиј Кличко ја повика Ангела Меркел да ги блокира сомнителните банкарски трансакции на украинските службеници, пренесоа УНИАН.

Кличко истакна дека е сосема можно да се направат чекори кон постигнување на компромис во Украина, ако му се укаже на претседателот Јанукович и неговите соработници, преспективата на мерките за борба против перењето пари.

„Сметам дека Европската унија и Германија имаат механизми за наметнување на санкции. Затоа е потребно да се направи целосна проверка на состојбите на Јанукович и неговото блиско опкружување, а исто така и на олигарсите кои ги поддржуваат“, истакнал Кличко.