Кличко: Јанукович, запри го крвопролевањето

Славниот боксер и лидерот на украинските опозиционери Виталиј Кличко по средбата со претседателот Виктор Јанукович истакнал дека разговрот бил неуспешен.

„Јанукович апсолутно неадекватно реагира на ситуацијата. Се што им рече на демонстрантите е да го напуштат плоштадот и да го остават оружјето. Не ми е јасно за кое оружје говори кога полицијата пука на демонстрантите. Мислам дека Владата на Украина треба да ги повлече безбедносноте сили и да стави крај на крвопролевањето. За жал, тој не мисли така“, изјавил Кличко.

Во деноноќните немири во Киев во кои дојде до жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите 25 лица се убиени, а над 200 се повредени.