Кличко моли за учество на ЛОИ во Рио

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија Украинецот Владимир Кличко се надева дека ќе му биде дозволено да настапи на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година. 

Меѓународната боксерска федерација, минатата година наведе дека Украина не може да настапи во Бразил , бидејќи не ги исполнува условите.

„Се надевам дека ќе имаат разбирање и дека за две години ќе бидам доволно здрав и мотивиран да се натпреварувам на Олимписките игри во Рио. Би било добро после 20 години повторно да ја освојам олимписката титула“, изјави помалиот од браќата Кличко .
Владимир има 38 години , за две ќе има 40 што е најстарата граница за учество на еден боксер на натпреварување во рамките на Олимписките игри. Тој во професионалната кариера има 64 борби , а на Олимписките игри можат да учествуваат само боксери со најмногу 20 борби.
Кличко пред два дена ја одбрани титулата во верзиите ВБО, ВБА, ИБФ и ИБО, откако во Оберхаузен го нокаутираше Австралиецот Алекс Лепај.