Свет

Кличко победи во трката за градоначалник

Кличко победи во трката за градоначалник

Украинскиот боксерски шампион Виталиј Кличко победи на изборите за градоначалник на Киев, соопшти денес, веројатно новиот претседател на Украина Петро Порошенко.

„Можам да кажам со сигурност дека, според нашите информации, Виталиј Кличко ќе биде новиот градоначалник на Киев“, рекол Порошенко , пренесува агенцијата АФП .

Милијардерот Порошенко му честиташе на Кличко на прес конференцијата на која беше и украинскиот боксерски шапмион.

Кличко, боксер од тешка категорија кој стана херој на опозицијата, се повлече од трката за претседател на Украина за да го поддржи Порошенко.

Изборите за градоначалник беа одржани денес во неколку украински градови заедно со претседателските избори.