Свет

Кличко се откажа од претседателската трка во Украина

Кличко се откажа од претседателската трка во Украина

Лидерот на Украинска демократска алијанса за реформи, боксерот Виталиј Кличко, денеска изјави дека се откажува од кандидатурата за претседател на Украина.

Тој  истакна дека ќе се кандидира за градоначалник на Киев и побара Петро Порошенко да биде единствен претседателски кандидат на демократските сили во Украина.

„Ќе го направам Киев навистина европска престолнина и заедно ќе ја направиме Украина европска држава“, истакна Кличко, лидер на опозциското движење.