Кличко сака реванш со Фјури

Кличко сака реванш со Фјури
Кличко сака реванш со Фјури

Украинскиот боксер Владимир Кличко изјави дека повторно ќе се бори со Тајсон Фјури, по победата на британецот во борба за титулата светски шампион.

Фјури го победи Кличко на поени по 12 рунди и стана светски шампион во WBA, WBO и IBF.

-Изгубив, но борецот и понатаму е во мене. Кога ќе договориме и дознаеме сите детали, сите ќе ги известиме за датумот на реваншот. Тајсон беше побрз и подобар од мене во овој натпревар. Не успеав да пронајдам вистински одговор за неговата стратегија, изјавил Кличко.

Новиот светски шампион Фјури истакна дека едвај го чека реваншот со Кличко.

-Обожувам предизвици и секако дека се радувам за реваншот. Кој знае шо тој ќе ни донесе, но сакам да бидам барем половина добар шампион како Кличко. Малку луѓе верува во мојот триумф, вели Фјури.