Климатските промени би можеле да го променат вкусот на црешите

Во следните неколку години вкусот на виното Кианти би можел да се смени заради климатските промени и нивното влијание на квалитетот на земјоделското производство, се наведува во анализата која ја спроведе Националниот совет за истражување во Фиренца, а која е претставена на 12-от Меѓународен Форум Гренакорд во Риети.

Освен вината, промената на квалитетните својства со климатските промени ги очекува и многу други земјоделски производи, но виното е многу чувствително на фактори како што се нивото на температурата и врнежите, па затоа токму на виното најдобро може да се следи влијанието на климатските промени.

Според наводите во студиите, ситуацијата се уште не е толку драматична, но знаците на предупредување доволно се загрижувачки.

Важно е усвојуање на нови потрошувачки пракси, а тоа е купување на што повеќе локални произведени сезонски производи со што директно ќе влијае на намалување на емисијата ЦО2 и поттикнување и јакнење на локалното земјоделство, јави портал croenergo.eu.

Доколку таквите производи се добиени со помош на земјоделски пракси со мало влијание на околината, дополнително се намалува влијанието на земјоделството на вкупната емисија, а притоа се придонесува и на сопственото здравје со конзумирање на квалитетни производи