Свет

Климкин: Додека Крим не се врати, нема нормализирање на односите помеѓу Русија и Украина

Климкин: Додека Крим не се врати, нема нормализирање на односите помеѓу Русија и Украина

Додека Крим, што сега е под конторла на Москва, не се врати под јурисдикција на Киев, нема да има нормализирање на односите меѓу Русија и Украина, изјави украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин, кој престојува во дводневна посета на Јапонија, пренесоа британските медиуми, пренесува МИА.

– Не може да има ни најмало нормализирање на односите меѓу Украина и Русија без враќање на состојбата статус кво и утврдување на целосниот украински суверенитет врз Крим, рече Климкин од Токио.

Русија пред речиси една година изврши анексија на Крим.

– Единствениот претходен услов за какво и да е ефикасно, конечно надминување на конфликтот, е целосно затворање на украинско-руската граница, рече Климкин. „Затоа што се што ја дестабилизира ситуацијата во Доњецката  и Луганската област – парите, оружјето, платениците, тешките орудија и, се разбира, руските бунтовнички војници – доаѓаат преку руско-украинската граница“, додаде првиот украински допломат.

Климкин подвлече дека Киев сака мирно надминување на конфликтот, но предупреди дека Украина ќе ги употреби сите средства за да ги заштити својата територијална целост и суверенитет.