Климовски: 5 јуни е забетониран, изборите нема да бидат нелегитимни ако СДСМ не учествува

Климовски: 5-ти јуни е забетониран, изборите нема да бидат нелегитимни ако СДСМ не учествува
Климовски: 5-ти јуни е забетониран, изборите нема да бидат нелегитимни ако СДСМ не учествува
5-ти јуни е ден кој е забетониран за одржување на парламентарните избори согласно договорот на четирите најголеми политички партии. Сведоци сме дека се во завршна фаза на сите подготовки да имаме регуларни, фер, демократски избори. ДИК ја работи својата работа со динамика која е предвидлива дека ќе даде чист избирачки список.

Ова во интервју за Сител го вели професорот од Правниот факултет Александар Климовски, кој додава дека ќе беше апсурдно во една ваква ситуација да немаме избори, бидејќи логиката на изборите е во насока на андминување на кризата, тоа е и целта.

-Нема да значи дека изборите ќе бидат нелегални ако еден парципиент како што е СДСМ не учествува на зибори. Ако услов за да бидат изборите фер, регуларни и демократски  е тие да излезат, во тој случај во секои идни наредни избори можеме да имаме ситуација да било која друга опозиција ја уценува власта околу прашањето за изборите и би влегле во еден маѓепсан круг на немање на избори, рече Климовски.