Климовски: Единствен излез е да се состане Собранието и да се распишат нови избори

Што во случај ако мандаторот не успее да состави Влада во предвидениот рок? Дали во тој случај мандатот треба да го добие лидерот на втората партија со најголем број гласови? На оваа тема зборуваше универзитетскиот професор Александар Климовски во интервју на ТВ НОВА.

„Никаде во Уставот не пишува дека втората партија со најголем број гласови треба да го составува мандатот. Тоа е формално правна процедура утврдена во член 90 и надвор од таа норма не може да се излезе. Единствен излез од целата ситуација е со тек на време да се состане Собранието со една точка на дневен ред, односно да се избере претседател и да се распишат нови избори. Друг излез не постои. Во спротивно, би бил изложен под ризик и тој што го добил мандатот, ако не е од партијата што добила мнозинство. Ќе биде изложен на можност од поништување на одлуката во Уставен суд“, смета Климовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.