Климовски: Мерката притвор за Сеад Кочан е хајка со цел ТВ НОВА финансиски да атрофира

Тој истакна дека Заев навестил вакви расчистувања кон медиуми кои известуваат на начин кој не му се допаѓа, и затоа ја пратија Катица Јанева со нејзиното, како што го нарече,  противуставно СЈО.

„Се работи за Сеад Кочан, човек којшто нема криминално досие, кој е успешен бизнисмен и угледен граѓанин во една бошњачка заедница која е многу јако интегрирана во државава. Истиот тој Сеад Кочан е сопственик на бизнис којшто вработува 10 000 луѓе. Се оди против тоа лице за наводен криминал кој допрва треба да се докаже, каде од формален аспект се исполнети сите претпоставки тендерот да ја има законитоста и транспарентоста, и ако покаже ревизијата дека извршувањето на работите е завршена, така како што е утврдено во договорот, нема дело“, додаде Климовски.

Тој смета дека ова е само една хајка за да се направи штета врз Сеад Кочан, па преку него и на Трансмет, а преку Трансмет како финансиер и на ТВ Нова, за конечно ТВ Нова да атрофира финансиски и повеќе да не постои.