Климовски: Пендаровски и Фрчкоски треба да му се извинат на народот

Навредите кон граѓаните искажани од страна на Стево Пендаровски и Љубомир Фрчкоски наиода на осуда и од нивните колеги – униврзитетските професори. Професорот Сашо Климовски рече дека за ваквите навреди и двајцата треба да се извинат на граѓаните.

– Во најмала мера се работи за недолични, непримерни изјави, особено изненадува фактот што тие изјави се дадени од универзитетски професори, за коишто важи етички кодекс, правила на политичка комуникација на ниво коешто понатаму се рефлектира на националното ниво во таа една политичка комуникација. Тие луѓе коишто ги даваат овие изјави треба да сватат дека граѓаните се секогаш во право, дека власта и суверенитетот извира од страна на народот и дека народот во тој случај не треба да се навредува. Очигледно навредите се мотивирани од фактот што народот не им ја дава власта на нив двајцата, во двата циклуси на претседателски избори, и очигледно од таму произлегува тој мотив да се навредува народот, меѓутоа повторно ќе кажам треба да се сфати дека суверенитетот и власта секогаш извираат од граѓаните и најмалку што тие треба во овој момент да сторат е што побрзо да се извинат на граѓаните. Стануваше збор за навреда на една огромна маса на луѓе, во чијашто структура имаше интелектуалци, имаше и администрација, пензионери, универзитетски професори, меѓу кои што бев и јас, посочи Климовски.

Тој истакна дека не би сакал да ја кометира содржината на нивните изјави, бидејќи според него, тоа е едно ниско ниво на политичка култура, којашто е недозволива за универзитетските професори.