Климовски: СЈО нема уставно-правно сидро, плови под ветерот на опозицијата

Ова ќе има огромни последици, веќе не знаеме кај кого е продадено, раздадено, купено и кој со што ќе уценува. СЈО може да манипулира како сака, нема архивски број, не знаеме што е заведено таму. СЈО си ја рашири својата дејност надвор од оние овластувања кои му се утврдени со закон, вели универзитетскиот професор Саво Климовски во интервју за СИТЕЛ.

СЈО практично потврдува дека е орган кој нема свое сидро во правниот систем, а особено нема уставно правно сидро, а кога вие немате уставно правно сидро вие пловите, но главно пловите од ветерот од оној кој што ве донел во тие води, а знаеме кој го донесе тоа, дека тоа опозицијата го бараше и дека опозицијата цело време изразува недоверба не само во обвинителството туку и во целокупното судство или поточно речено во правораздавањето зошто тука се опфатени и многу други субјекти. Ако вие тоа јавно сидро го разнишате, во тој случај што очекувате, една крајна недоверба и се разбира секаква манипулација, вели Климовски.