петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 52

Климовски: Во случај на ризик од бегство доволно е да се одземе пасош, не е неопходен притвор

Сопственикот на Трансмет и ТВ НОВА, Сеад Кочан ја напуштил земјата пред да стане свесен дека ќе му биде изречена мерка притвор. Согласно тоа, апсурд е кога некој не е тука да му изрекувате мерка – опасност од бегство, вели универзитетскиот професор Александар Климовски.

karakamisevaaa-640x287

Поврзани вести

„За да се спречи понатамошна опасност од бегство, доволно е да се одреди мерка претпазливост и одземање на патна исправа. Зошто притвор, нека му се одземе пасошот“, истакна Климовски.

Додаде дека јавната набавка за која се товари Сеад Кочан била реализирана во целост согласно договорот за јавна набавка.

„Извршен е мониторинг врз целата работа, комплетно како што е утврдено во договорот. Кога се распишува тендер имате отворена постапка –  52 дена трае објавата на тендерот каде може да учевствува било кој што ќе ги исполни условите, потоа имате склучување на договор, извршување на работата, и после 6 години некој излегува во јавност со информација дека фалел багер, а работата да речеме дека е завршена со друг багер“, истакна Климовски.

Најчитани вести