Клиника во Грац пред 25 години заменила бебиња

Мајка од Грац по 25 години открила дека нејзината ќерка воопшто не е нејзино дете.

Вистината била откриена кога девојката решила да донира крв.

Мајката и нејзиното семејство ја обвиниле Универзитетската клиника во Грац, од која бараат да го пронајдат нивното вистинско дете. Тие поднеле кривична пријава до обвинителството, а постапката е отфрлена со образложение дека случајот застарел.

„Не е докажано дека тоа се случило кај нас. Ние стапивме во контакст со семејството и се трудиме да го расветлиме случајот. Ако замената се случила кај нас, сакам во име на Клиниката да им се извинам на погодените“, изјавил директорот на болницата.

Во периодот кога дошло до замена се родиле околу 200 бебиња и за да се најде вистинското бебе треба сите 200 жени да се согласат на ДНК тестирање.

Болницата формирала посебен тим кој на сите жени им овозможува доколку сакаат да направат доброволен ДНК тест.