Клиника за мамурлак отворена во Австралија

Жителите на Австралија кои сакаат да пијат, но не сакат да ги трпат главоболката и мачнините наредниот ден отсега ќе можат да се пријават во првата клиника за мамурлак, каде ќе се ослободат од непријатните последици од ноќниот провод.

Третманот во времетраење од 30 минути чини 90 евра, а опфаќа инфузија и витамински коктел. Проширената едночасовна понуда, во која е вклучена и терапија со кислород чини 130 евра.

-Знаеме колку мамурлакот може да биде ужасен. Некои луѓе се толку исцрпени што не можат да станат од кревет, велат од клиниката.

Критичарите на оваа идеја велат дека мамурлакот служи како потсетник дека не треба да се претерува со алкохолот, како и дека не е добро да се „лекува“.