Клиниката „Св. Наум Охриски“ доби три нови дигитални рендген апарати

Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје доби  три нови дигитални рендеген апарати. Со овие апарати ќе се овозможи заштеда на време и пари, а и поголема точност во поставувањето на дијагнозите и секако помало зрачење.

По тој повод болницата денеска ја посети министерот за здравство Никола Тодоров кој направи увид на работата.

Тодоров посочи дека еден од дигиталните апарати кој бил набавен заменил рендген апарат кој бил инсталиран од 1962 година и како што рече министерот бил „музејски експонат“ кој предизвикувал многу трошоци во работењето на оваа установа и многу неизвесности.

-Новиот дигитален рендеген апарат е со можност за многу помало зрачење, можноста за снимање на резултатите на ЦД што е од исклучително значење затоа што ќе може дигитално да се обработува сликата, има подобра можноста за анализа на резултатите од докторите и што е најзначајно носи серозна заштеда. Само фактот што наместо што ќе се издаваат филмови ќе се издваат ЦД прави заштеда од околу 7 милиони денари за оваа јавна здравствена установа, рече Тодоров.

Министерот посочи дека бенефитот од овие дигитални рендген апарати е неколкукратен.

-Од една страна бенефитот е за докторите зошто имаат подобра дијагностика на располагање, поточна дијагностика, многу попрецизна. Од друга страна бенефитот е за пациентите затоа што има сериозно помало зрачење и од трета страна бенефит има и јавната здравствена установа бидејќи со нов рендеген со нова технологија се овозможува и сериозна финансиска заштеда на средства, истакна Тодоров.

фото: Курир