Клинсман: ФИФА секогаш ги штити поголемите репрезентации

Видно разочаран поради несреќно примениот гол во 95 минута, селекторот на САД, Јирген Клинсман по натпреварот против Португалија остро ја нападна раководната структура во ФИФА, која според него, секогаш ги заштитува поголемите и попознатите репрезентации.

„Сето тоа е во ред, но мислам дека ФИФА направи се на овој Мундијал да биде во полза на големите тимови. Германија имаше еден ден повеќе одмор од нас, ние игравме во Манаус, тие таму во близина каде ќе се игра. Јасно е дека во сите групи се е наместено како би поминале големите тимови. Но, очигледно фудбалот е таков што и не им успева тоа секаде. Дуелот против Германија ќе биде уште еден тежок меч. Ќе кажам дуел на живот или смрт. Но тоа е СП. Мораш на светот да му покажеш дека си најдобар“, изјави селекторот на САД, Јирген Клинсман.