Клинсман селектор на САД до 2018 година

Иако беше видно разочаран поарди елиминацијата во 1/8 финалната рунда на Мундијалот во Бразил, селекторот на САД, Јирген Клинсман прво изјави дека е горд на своите фудбалери, а потоа откри дека ќе остане во селекторската фотеља до завршетокот на следниот Мундијал во Русија.

“Ќе бидам селектор на САД до 2018 година. Ќе бидам предводник на оваа репрезентација и на следниот Мундијал во Русија. Овој тим има светла иднина, има фудбалери кои ќе бидат во вистинската форма за неколку години. Нормално дека сме разочарани поради поразот од одличната репрезентација на Белгија. Натпреварот беше буквално се, беше вистински трилер. Имавме шанси да израмниме, но не успеавме, па и честитам на Белгија. Горд сум на играчите, не само поради овој натпревар туку и поради целото првенство. Ја направивме земјата горда, и тоа е најважно“ , изјави германскиот стручњак.