петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 0

Клинтон: Изборот на Трамп за претседател би бил „историска грешка“

tramp-klinton

Последни вести

Фаворитот за претседателски кандидат на Демократската партија, Хилари Клинтон изјави дека Американците ќе направат „историска грешка“ доколку се определат Доналд Трамп да биде идниот претседател на САД.

Во говор во Сан Диего во Калифорнија, каде следната недела ќе се одржат прелиминарните избори, Клинтон зборуваше за надворешната политика на Трамп, која ја оцени како „опасно неповрзана и недоследна“.

Таа тврди дека речиси сигурниот републикански кандидат „е застрашувачки непордготвен“ за  претседетлската функција, предупредувајќи дека Трамп може да предизвика војна некаде во странство, како и да ја „разурне“ американската економија.

Клинтон, која е поранешен државен секретар на САД, се заложи Вашингтон да продолжи да им дава подршка на своите сојузници и му даде подршка на нуклеарниот договор со Иран.

Во своите досегашни настапи, Трамп предизвика бројни контроверзи околу неговите ставови за надворешната политика.

Тој изјави дека треба да им се забрани влез на муслиманите во САД со што навлече гнев од арапскиот и муслиманскиот свет, а потоа го обвини Мексико дека ја „уништува“ американската економија, најави изградба на ѕид долж границата и изјави дека Мексиканците се „криминалци и силувачи“.

Подоцна побара „ревизија“ на НАТО и им порача на сојузниците на САД на Далечниот Исток, дека доколку сакаат да имаат американска заштита, треба да платат за тоа.

Во ЕУ предизвика нервоза поддржувајќи го британскиот Брегзит, иако подоцна порача дека тоа е работа на британските гласачи.

Трамп изрази и подготвеност да се сретне со севернокорејскиот лидер, за да ги „среди работите“ околу нуклеарната програма на Пјонгјанг, добивајќи за тоа подршка само од Северна Кореја.

Според Хилари Клинтон, со своите настапи Трамп само им дал „нов елан“ на џихадистите од Исламската држава (ИД), но и манифестирал политика на „нов американски изолационизам“.

Американските медиуми проценуваат дека мошне остриот настап на Клинтон претставува обид да се натераат неопределените и незадоволни умерени републиканци да се свртат кон другата опција, наместо онаа што им ја нуди Доналд Трамп.

Инаку, прелиминарните избори во вторник во Калифорнија, која дава најголем број делегати на Демократската национална конвенција, може да бидат клучни за дефинитивно потврдување на изборот на Клинтон за претседателски кандидат на демократите.

Најчитани вести