Клинтон ја зголеми предноста пред Трамп

Кандидатката на Демократската партија за претседател на САД, Хилари Клинтон, ја зголеми предноста пред републиканскиот ривал Доналд Трамп, покажаа најновите анкети спроведени, пренесува МИА.

За разлика од претходната анкета, според која демократската кандидатка имаше шест проценти предност пред Трамп, според податоците од најновата анкета, Клинтон сега го зголеми водството на осум проценти.

Околу 43 проценти од испитаниците се изјасниле за Клинтон, 35 отсто за Трамп, додека девет проценти од анкетираните би го дале гласот за некој трет кандидат.