Свет

Клинтон со поголеми шанси за претседател од Трамп

Клинтон со поголеми шанси за претседател од Трамп

Кандидатот за номинација на Демократите за претседател на САД Хилари Клинтон има поголема шанса  да стане претседател на државата отколку нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп, но во текот на изминатата недела се намали разликата меѓу нив, покажуваат резултатите од онлајн политичката обложувалница „Предикт ит“.

Според најновите податоци, можноста за Клинтон да стане претседател изнесува 61 отсто, за разлика од пред седум дена кога изнесуваше 65 проценти, објави сајтот, масто каде обложувачите можат да се обложат на мали парични износи и да одговорат со „да” или „не” како одговор на предвидувањата на идните настани.

Веројатноста дека Трамп ќе победи на изборите на 8 ноември, сега е 40 отсто, наместо 34 проценти од минатата недела.