Влоговите за победа на Клинтон пораснаа за шест проценти, односно на 69 отсто, додека влоговите за Трамп паднаа за седум, на 31 проценти, покажуваат податоците на новозеландската фирма „Предикт Ит“, кои ги предвидуваат исхoдите на политичките и финансиските случувања.
Шансите на Клинтон, исто така се зголемија на ирскиот сајт за обложување „Педи Пауер“.
Уплатите за Трамп паднаа на пет отсто во февруари, но се качија на 44 отсто во мај, додека влоговите за Клинтон паднаа на 37 отсто во јануари па се качија на 79 отсто во август.
Првата претседателска дебата, е една од трите планирани, пред претседателските избори во САД на 8 ноември.