сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 19

Клинтон пречекана со овации на гласачкото место, Трамп исвиркан (ВИДЕО)

hillary_trump

Последни вести

Доналд Трамп и Хилари Клинтон гласаа на своите избирачки места во Њујорк, тој со сопругата Меланија, таа со сопругот Бил.

Запрашан какви информации слушнал од теренот, Трамп рече: „Многу добро, сè е многу добро. Главно сè е добро, општо гледано“.

На гласачкото место републиканскиот кандидат за претседател го пречекаа голем број граѓани, кои жестоко го исвиркаа.

На неговото гласачко место се појавија и две топлес-жени од феминистичката група Фемен, кои на телата имаа испишано „Grab your balls“. Обезбедувачите ги одвлекоа од гласачкото место.

Демократската кандидатка, Хилари Клинтон, исто така гласаше денес во Њујорк, пречекана од околу 150 симпатизери, кои ѝ извикуваа „Госпоѓо претседател“, додека со сопругот Бил одеше да гласа во основното училиште во близина на нивната куќа.

„Многу сум среќна, не се опишува колку сум среќна“, рече таа додека се ракуваше со симпатизерите.

„Се чувствувам понизно… зашто знам колкава одговорност е во прашање“, рече Клинтон.

Најчитани вести