Клинтон: Путин може да биде опасен

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтона која што денеска во Берлин ќе ја претстави својата книга „Тешки избори“ за германските медиуми изјави дека рускиот претседател Владимир Путин може да биде опасен.

„Мислам дека тој може да биде опасен. Човек како Путин секогаш оди до крај,“ изјави Клинтон.

Според нејзе „најновата агресија во Украина од страна на Путин“ мора да добие одговор во заедничка реакција на Западот.

„Ние не можеме да дозволиме еден политички водич, по Втората светска војна повторно да ја прекројува Европа, “ изјави Клинтон.

Таа додаде најголем дел од Украинците сакаат да живеат во земја која е мост меѓу Западот и Русија.

Смета дека посебно младите луѓе во Украина сакаат да бидат поврзани со Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.