четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

Клинтон: Разочарана сум, но му посакувам успех на Трамп

Синоќа му честитав на Трамп и му понудив соработка за доброто на нашата земја, изјави Клинтон во обраќањето во хотел во Њујорк.

Hillary Clinton Campigns In Iowa, Meeting With Small Business Owners

Последни вести

Демократскиот кандидат за американски преседател Хилари Клинтон денеска изрази надеж дека нејзиниот противкандидат во изборната трка, републиканецот Доналд Трамп ќе биде „успешен претседател на сите Американци“.

Во својата прва изјава по изборниот пораз, Клинтон изјави дека резултатите од изборите биле болни за неа и дека е разочарана, но му посака успех на Трамп и нагласи дека му поинудила соработка.

– Синоќа му честитав на Трамп и му понудив соработка за доброто на нашата земја, изјави Клинтон во обраќањето во хотел во Њујорк.

Клинтон оцени дека вчерашните избори покажале оти „земјата е многу подлабоко поделена отколку што се мислело“, но сепак ги повика своите привразници да ги прифатат изборните резултатити.

– Треба да ја градиме Америка испонета со надеж, со инклузивност и со големо срце. Мора да се почитува и брани владеењето на правото, рамноправноиста и слободата на веросповед. На Трамп му нудиме отворен ум и шанса да ја поведе земјата, потенцира Клинтон.

Инаку, во меѓувреме беше соопштено дека Клинтон победила во сојузната држава Минесота, со што освои уште 10 гласа во Изборниот колеџ.

Сепак овие резултати не можат да влијаат на изборот на Трамп за претседател, бидејќи тој веќе освои 276 електори или шест повеќе од непоходните 270 за победа.

Најчитани вести