Свет

Клинтон: Сакам да бидам шампион кај обичните Американци

Клинтон: Сакам да бидам шампион кај обичните Американци

Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон (67) официјално објави кандидатура за претседателските избори во 2016 година, пренесува МИА.

– На обичните Американци им треба шампион. Сакам да бидам таков шампион, нагласи Клинтон во двеминутна видео-порака.

Таа истакна дека Американците се бореле со тешки економски времиња, „но надмоќта останала на страната на оние кои се во врвот“.

Хилари Клинтон со тоа најави свој втор обид да влезе во Белата куќа. Ако биде избрана ќе биде прва жена претседател на САД.

Американски медиуми најавуваат дека Хилари во кампањата има намера да се фокусира на мали собири и нејзиниот тим настојува да ја донесе во директен контакт со гласачите во американските држави, и да се избегнат големи собири. Целта и е во центарот на кампањата да бидат гласачите, а не самата таа.