Клинтон и Сандерс изедначени во анкетите, Круз сериозно му се доближува на Трамп

Клинтон и Сандерс изедначени во анкетите, Круз сериозно му се доближува на Трамп
Клинтон и Сандерс изедначени во анкетите, Круз сериозно му се доближува на Трамп

Потенцијалните претседателски кандидати на Демократската партија, Хилари Клинтон и Берни Сандерс, се целосно изедначени во најновата анкета, додека кај републиканците Тед Круз сериозно му се доближи на досегашниот фоворит Доналд Трамп.

Според националната анкета спроведена од Ројтерс и Ипсос, Клинтон и Сандерс имаат по 48 отсто поддршка меѓу демократите, додека меѓу гласачите на Републиканската партија за Трамп се изјасниле 41, а за Круз 35 проценти од испитаниците.

Ваквите анкети доаѓаат во време кога кандидатите се подготвуваат за прелиминарните партиски избори во американската сојузна држава Њујорк, кои може да бидат клучни за освојување на номинацијата за гласањето за избор на новиот странар на Белата куќа, што ќе се одржи на 8 ноември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.