сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

И Клинтон и Трамп очекуваат победа – и двајцата ќе слават на Менхетн

Трамп резервирал скромен хотел на Шестата авенија, а Хилари огромниот „Центар Џевитс“.

hillary-clinton-donald-trump

Поврзани вести

Новиот претседател на САД изборната победа вечерва ќе ја слави во Њујорк, кој и да победи, бидејќи републиканскиот кандидат резервирал релативно скромен хотел на Шестата авенија, додека демократката го изнајмила огромниот „Центар Џевитс“.

Тие две локации се на само три километри оддалечени една од друга.

Во хотелот „Хилтон мидтаун“ персоналот привршува со подготовките поставувајќи огромни екрани и подготвувајќи ја банкет-салата во која њујоршкиот милијардер планира да одржи победничка прослава.

Недалеку оттаму, на брегот на реката Хадсон е „Центарот Џевитс“ огромни здание со стаклен кров каде Хилари Клинтон има намера да го прослави изборниот триумф.

Најчитани вести