„Кливленд“ им удри метла на „Репторси“

„Кливленд“ е првиот финалист во Источната конференција од НБА плеј-офот, откако на доминантен начин со 4:0 во полуфиналната серија славеше против „Торонто“, најдобриот тим на Истокот во регуларниот дел од сезоната.
Во четвртиот меч „Кавалирс“ го декласираа „Репторс“ на свој терен победувајќи со 128:93. Уште еднаш најдобар кошаркар на мечот беше Леброн Џејмс со 29 поени, 11 асистенции и 8 скока. Кевин Лав постигна 23 поени, а Валанчиунас заврши со 18 поени. ДеРозан постигна 13 поени, а Ловри само пет поени со 10 асистенции.

Беше изедначено само во првата четвртина, „Кливленд“ потоа се одлепи и до полувреме креираше +16. Во продолжение разликата само се зголемуваше а фрустрацијата кај гостите беше очигледна, па првата ѕвезда на тимот, Демар Дерозан беше исклучен во третиот период.
Иако имаше турбулентна регуларна сезона и тежок старт на плеј-офот со победа над Индијана во седум меча, „Кливленд е првиот тим кој се избори за конференциско финале. За „Кавалирс“ ова е четврта година во низа како играат во финалето на Истокот, а втора сезона по ред им удира „метла“ на „Репторс“.

На вториот натпревар кој се одигра утрово, „Филаделфија“ на домашен славеше над Бостон со 103:92 и намали на 1:3. Најефикасен кај домаќините беше Хрватот Дарио Шариќ со 25 поени, 8 скока и 4 асистенции, а МекКонел постигна 19 поени додека гостите ги предводеше Татум со 20 поени.

„Филаделфија“ одигра извонреден меч, но за разлика од претходниот, кога ја имаше победата во раце, победата не ја испуштија пред френетичната публика.
Најдобриот играч на „Филаделфија, Џоел Ембид беше на работ од тепачка со Тери Розие, но инцидентот беше решен со технилки грешки за двајцата кошаркари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.