Кливленд ја елиминираше Индијана

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс се последните учесници во вториот круг од годинешното доигрување во НБА лигата, откако во решавачкиот седми натпревар од првиот круг на свој терен ги совладаа Индијана Пејсерс со 105:101.

Беспрекорен меч одигра Лебрен Џејмс со 45 поени, 9 скокови и 7 асистенции, а уште за Кавалирс Тристан Томпсон додаде 15 кошеви и 10 скокови, а Кевин Лав 14 поени. Кај Пејсерс Виктор Одалипо даде 30 кошеви, со 12 скокови и 6 асистенции, Дарен Колсон додаде 23 поени, а Тадеуш Јан 14 поени и 10 скокови.

Џејмс го предводеше силниот налет на Кавалирс на почетокот од мечот кога поведоа со 9:2, а уште во првата четвртина во неколку наврати имаа двоцифрена предност. Полувремето го добија со 54:43, но во третата четвртина Пејсер успеаја да го надоместат заостанувањето и со тројката на Бојан Богдановиќ дури и да поведат со 59:58. Пред почетокот на последните 12 минути Кавалирс водеа со 76:74, но тогаш со неколку последователни поентирања блесна Лав и ги одведе домашните до водство од 91:79. Индијана потоа не успеа да се доближи до пет разлика, а на крајот Одалипо со звукот на сирената со „тројка“ ги постави конечните 105:101.

Кливленд во вториот круг од плеј-офот ќе игра против првите носители на Источната конференција Торонто Репторс.