„Кливленд“ пак убедлив за изедначување против „Бостон“

Кошаркарите на „Кливленд“ израмнија на 2:2 против Бостон во серијата подобар од седум, во финалето на Источната конференција во НБА лигата. „Кливленд“ пред своите навивачи имаше водство во текот на целиот меч и на крајот победи со 111:102. Во четирите меча домаќините остварија победи, па предноста на домашен терен може да биде решавачка и финалистот да биде решен во седмиот меч.

Само 19 пати во историјата на НБА се случило тимот кој во плеј офот губел со 2:0 на крајот да биде победник, а „Кавалирс“ би можеле да бидат 20 екипа ако продолжат со ваков ритам.

Четвртиот меч почна исто како и претходниот со фуриозен старт на домаќините кои натпреварот го решија во првата четвртина која ја добија со 34:18 , па до крајот рутински ја одрќуваше предноста. „Селтикси“ успеаваа да ја намалат предноста на 7 или 8 коша, но со ми и серии „Кавалирс“ ја враќаа двоцифрената разлика.

Леброн Џејмс повторно беше најдобар кај домаќините со 44 поени, погодувајќи 17 од 28 шута од поле. Кралот додаде и 5 скока и 3 асистенции. Џејмс влезе во историјата како играч со најмногу погодени шутеви од поле во плеј-офот (2.358) и го премина Карим Абдул Џабар (2.356) на вечната листа. Тој исто така го одигра својот шестти меч во доигрувањето во кој постигнал најмалку 40 поени. Претходно тоа му успеало само на Алан Ајверсон.

Покрај Леброн уште петмина играчи на Кливленд реализираа двоцифрен број на поени. Тристан Томпсон додаде 13 поени, 12 скока и 2 асистенции, а Кајл Корвер постигна 14 поени, но сите беа во првиот дел, кога домаќините и создадоа одлична предност. Џорџ Хил постигна 13 коша, 4 скока и 3 асистенции, додека Кевин Лав постигна само 9 коша и 11 скока.

Најефкасни кај „Бостон“ беше Џејлен Браун со 25 поени, а сите стартери на „Селтикс“ имаа двоцифрен скор на поени. Џејсон Тејтум постигна 17, а Тери Розир имаше учинок од 16 поени, 6 скока и 11 асистенции.

Наредниот меч се игра во сабота во Бостон каде „Селтикси“ немаат пораз во досегашниот дел од доигрувањето.